Едвард Уеди Саид ( - ) — палестинско-американски литературен теоретичар и активист за палестинските права. Основач е на постколонијализмот.

Роден е во Ерусалим во христијанско арапско семејство. Го минал детството во Каиро, а како тинејџер заминал на студии во САД. Долго време предавал англиски и компаративна книжевност на Универзитетот Колумбија. Најпознат во областа на културните студии е по својот концепт на „ориентализам“ (и истоимената книга од 1978) и развивањето на полето на постколонијалните студии.

Бил класично образован пијанист, голем познавач на музиката, а неговите бројни есеи на оваа тема се собрани во „Музика на граница“ од 2009. Почина од леукемија во 2003 година.„Паралели и парадокси: истражувања поврзани со музиката и општеството“ од Едвард Саид и Даниел Баренбојм

Неговото најпознато дело „Ориентализам: западни концепции за Ориентот“ е преведено на македонски јазик во 2003 година („Магор“).

Наводи

Robert Young, White Mythologies: Writing History and the West, New York & London: Routledge, 1990.

Надворешни врски

Едвард Саид, „Судир на незнаењата“ Едвард Саид, „Уметност и национален идентитет: симпозиум на критичари“, „Маргина“, 1994.

Категорија:Арапски христијани Категорија:Палестински христијани Категорија:Американски писатели Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Апсолвенти на Принстонскиот универзитет