Стоян Цицов (, Стефос Цицу), познат како капетан Цицос (καπετάν Τσίτσος) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, по засилувањето на грчката вооружена пропаганда застанал на страната на грчката кауза предводејќи андартска чета и учествувајќи во Борбата за Македонија.

Животопис Стојан Цициов е роден во мариовското село Бешиште, тогаш во Османлиското Царство. По засилувањето на македонското револуционерно движење се приклучил во Македонската револуционерна организација и станал војвода на чета со која го обиколувал Мариово сè до 1906 година.

Цицов со својот помошник Брајан Трајков (Μπραγιάννης Τράικος) од Живово и целата чета по засилувањето на грчката вооружена пропаганда преминал на страната на грчката кауза. лево|мини|300п|Стефос Григориу, Стојан Цицов и Павле Илиев. Цицов како андартски капетан го обиколувал Прилепско и успеал под своја контрола, откако ги ликвидирал дејците на Македонската револуционерна организација „Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр. 34, да ги контролира селата Врпско, Живово, Витолиште, Полчиште, Бешиште и Манастир.

Во 1907 година Цицов и Трајков побарале средба со четата на Иван Смичков, но на договорената средба не присуствувале. Марко Христов до Витолишта и Трајко Зојката ги ликвидирале андартите на Цицов, Васил и Мерко, а Стале Чашулков го ослободиле.

Во Полчиште и Бешиште, мариовската чета на Македонската револуционерна организација ги ликвидирала братот на Трајков и Петар Севдиков. Како одговор на овие ликвидации, андартите ги нападнале селаните од Витолиште, но биле сочекани во заседа во која биле убиени неколку андарти „Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр.54-56.

Во реонот на Цицов како помош дошол андартскиот капетан Константинос Кутас (капетан Гуда) со својата чета, но бил елиминиран од мариовската чета меѓу Живово и Врпско, во борбата учествувале и андартите на Цициов, а подоцна андартската чета бил разбиена од Васил Балевски во Полчиште.

Во 1912 година Цицов и Трајанов раководеле две андартски чети во Мариово Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 276- 277..

Извори

Цицов Стојан Категорија:Гркомани