Ригеста ајкула-чекан (Sphyrna lewini) — вид на ајкула.
Како и уште седум познати видови ајкули-чекани, ригестата ајкула-чекан има необична глава, во форма на буквата Т. Кај овој вид предниот дел на главата има три риги, што му дава изглед како да е изрежан, по што и го добил името. Очите се наоѓаат странично на главата. Оваа ајкула лови во близината на морското дно и притоа мавта со главата од едната страна на другата барајќи плен како што се риби, други ајкули, октоподи и ракови. Со користење на сетилните отвори на главата таа исто така може да открива и закопан плен како ражи. Освен тоа, главата може да дејствува како површинска сила, што му овозможува на животното сила што притиска нагоре и помага при нејзиното вртење и ловење на пленот.
Овие животни може да се сретнат како пливаат во големи групи, повеќе од сто единки. Во плитките делови и утоки живеат младите единки, а потоа кожата добива потемна боја за да може да ги штити од сончевта светлина.
Наводи
Database entry includes justification for why this species is near threatened
Категорија:Ајкули-чекани