Александар II Караѓорѓевиќ ( во ) е моменталниот претендент за српскиот престол, со титула принц на Србија. Тој припаѓа на Династија Караѓорѓевиќ.

Во времето кога се родил, неговиот татко, Петар II Караѓорѓевиќ бил крал на Југославија, па според ова, тој станал престолонаследник, а по распаѓањето на Југославија, станал престолонаследник на Србија. Монархијата во тогашна Југославија била укината во 1945 година.

Александар е роден во Лондон, како единствено дете на Александра и Петар II Караѓорѓевиќ. Претседателот на британската влада, Винстон Черчил, хотелскиот апартман со број 212, место каде се родил Александар, го прогласил за територија на Кралство ЈугославијаRoyalty in Exile by Charles Fenyvesi, p.211.

Претходно, неговиот татко во април 1941 година ја напуштил Југославија и заминал најпрвин во Атина, па во Ерусалим, Каиро и Лондон. Во 1944 година тој се оженил за Александра, принцеза на Грција и Данска, ќерка на грчкиот крал Александар и Аспасија Манос.

По крајот на војната, новиот режим во неговата земја го спречило Петар да се врати во Југославија. Така, тој всушност никогаш не абдицирал од престолот. Александар своето образование го завршил во Швајцарија. Во 1972 година се оженил за Марија да Глорија од Орлеан и Браганца. Од овој брак се родиле: Петар Караѓорѓевиќ Филип Караѓорѓевиќ Александар Караѓорѓевиќ

Во текот на 1999 година, Александар активно се вклучил во кампањата против Слободан Милошевиќ. Тој бил во постојан контакт со српската опозиција. Од 2001 година, Александар живее во Белград.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Династија Караѓорѓевиќ Категорија:Претенденти за српскиот престол Категорија:Православни христијани од Србија Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава