Градиште — археолошко наоѓалиште во тетовското село Горна Лешница. Претставува утврдена населба од доцноантичко време.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Се наоѓа на западниот раб од селото, од десната страна на Лешничка Река, на самата граница со Долна Лешница каде има висок рид со зарамнето плато на кое се распознаваат темели од објекти и од одбранбен бедем. На површината има грамади од кршен камен, фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Според местоположбата, населбата имала военостратегиско значење да го штити преминот преку реката.

Поврзано

Горна Лешница Наводи

Категорија:Горна Лешница