Чарлс Дулитл Волкот (1850 - 1927) — американски палентолог.

Волкот ископал приближно 70,000 фосили од средниот камбриум во Барџес Шејл на канадските Карпести Планини. Тоа место денес со закон е заштитено светско културно наследство. Зачуваниот мек дел од тие фосили ни дава можност да го претставиме живиот свет во морето во тоа време. Волкот станал директор на Геолошкиот преглед на САД, а потоа и секретар на Институтот Смитсонијан во Вашингтон, главниот град на САД.

Категорија:Американски палентолози Категорија:Наградени од Националната академија на науките на САД Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Почесни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз