Градиште — археолошко наоѓалиште во тетовското село Желино. Претставува населба од бронзеното и доцноантичкото време. Се наоѓа веднаш над селото на висок рид што доминира над околниот терен. На зарамнетото плато се среќаваат фрагменти од керамички садови од бронзеното време, како и керамички садови, питоси и градежен материјал од доцноантичкото време.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бело Поле — населба од неолитското и римското време и средниот век; Грамаѓе — населба од доцноантичко време.

Наводи

Категорија:Желино