Алжирските протести претставуваат низа протести кои започнале кон крајот на 2010 година. Како главни причини за започнувањето на протестите се големата невработеност, недостиг од градби за домување, зголемување на цените на храната, зголемување на корупцијата. Протестите се прошириле низ целата земја.
Протестите, според законите во Алжир, доколку не се одобрени од страна на властите, се незаконски. При овие немири загинале пет лица, а околу 800 биле повредени.Првата жртва била едно 18-годишно момче кое било застрелано за време на судирите меѓу демонстрантите и алжирската полиција во околината на Мсила
Наводи
Категорија:Арапска пролет Категорија:Нереди во 2010 година Категорија:Нереди во 2011 година Категорија:Нереди во 2012 Категорија:Алжир во 2010 година Категорија:2011 во Алжир Категорија:2012 во Алжир Категорија:Нереди во 2012 година