Брдо — археолошко наоѓалиште во тетовското село Седларево. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато што доминира над непосредната околина, каде се гледаат остатоци од одбранбени бедеми и кули. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и грамади од градежен материјал. Бедемот е ѕидан од делкани камења без малтер.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Седларево

Наводи

Категорија:Седларево