Латинска Црква — археолошко наоѓалиште во тетовското село Џепчиште. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 500 м северно од селото, на мало зарамнето плато на падините на Шар Планина, каде се наоѓаат остатоци од црква околу која има големи камени плочи од гробни конструкции. Жителите наоѓале во гробовите железни орудија кои сега се во Музејот на Македонија во Скопје. Според преданието, црквата била посветена на Благовештението.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Џепчиште
Наводи
Категорија:Џепчиште