Црници — археолошко наоѓалиште во тетовското село Лешок. Претставува некропола од римското време. Се наоѓа на околу 1 км јужно од селото, во овоштарникот на ЗИК „Тетово“. Во 1970 година со земјоделските работи биле откриени обработени блокови од мермер, плоча со грчки натпис од мермер и женска глава, исто така изработена од мермер. Наодите се чуваат во Музејот на тетовскиот крај.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Кале — населба од доцноантичко време и среден век; Два Бреста — населба од римско време; Лешочко депо — депо на средновековсни монети; Пепело — населба од римско време; Црквиште — црква од средниот век; Леска — населба од доцноантичко време и базилика ос трарохристијанско време; Млака — некропола од средниот век;

Наводи

Категорија:Лешок