Градиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Градец, Општина Врапчиште. Претставува градиште од римското време и средниот век. Се наоѓа на западната периферија на селото, каде што се издига висок рид кој од западната страна со долот Сува Река е отсечен од масивот на Шар Планина. Пристапен е единствено од источната страна која е отворена и во помали тераси се спушта кон полето. На долните тераси се забележуваат бедеми ѕидани од кршен камен и варов малтер, а по површината има множество кршен камен, тегули, фрагменти од питоси и керамички садови. Најдени се монети и надгробни стели од бел мермер. Градиштето има извонредна стратегиска положба и се претпоставува дека би можело да се работи за легендарниот град Полог.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Голема Чешма — црква и некропола среден век; Поточане — населба од средниот век; Тумба — утврдување од римско време; Црквиште — црква и некропола од средниот век;
Наводи
Категорија:Градец (Гостиварско)