Стари Лозја — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Ѓурѓевиште. Претставува осамен објект од римското време. Се наоѓа на околу 2,5 км југоисточно од селото, на патот за Неготино, каде се гледаат грамади од кршен камен, а спорадично се среќаваат и тегули.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кај Школото — средновековна некропола; Православни Гробишта — некропола од средниот век;
Наводи
Категорија:Ѓурѓевиште