Пандилова Тумба или Подлак — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Зубовце. Претставува населба од неолитското време. Се наоѓа на околу 4 км од левиот брег на Вардар и исто толку југоисточно од селото, длабоко во полето, каде во мочуришниот дел има тумба со површина од околу 90 м во пречник и висина од 2,5 м. Овде се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж, кремени и камени орудија.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Пилигринци — средновековна населба; Св. Марија — некропола од средниот век; Фиќуровци — некропола од средниот век;
Наводи
Категорија:Зубовце (Гостиварско)