мини|Микологија

Микологија (од грчките зборови: mykes = габа и logos = наука) — биолошка наука за габите, нивната генетика и биохемија, нивната систематика, како и нивната примена кај човекот. Таа често се вбројува како гранка на ботаниката, иако во повеќето свои одлики габите се послични со животните отколку со растенијата. Исто така, микологијата е поврзана со фитопатологијата - науката за заболувањата на растенијата. Првите миколози се Елиас Магнус Фрајс, Кристијан Хендрик Персун, Антон де Бери и Левис Дејвид фон Швајниц.http://www.dissercat.com/content/monitoring-mikotoksinov-v-kormakh-i-kormovom-syre-i-kliniko-immunologicheskie-osobennosti-mi

Денес, најпроучувани габи се квасните, поточно еукариотските видови Saccharomyces cerevisiae and Schizosaccharomyces pombe.

Многу габи произведуваат отрови, антибиотици и други вторични метаболити. На пример, космополитскиот род Фузариум и неговите отрови (токсини) предизвикуваат фатални последици кај луѓето. Ова го проучил Абрахам Џоф. Исто така, габите се фундаментални за животот на Земјата како едни од главните симбионти (микориза, инсектни симбионти и лишаи), како и со нивната способност за разградување на некои органски биомолекули, со која учествуваат во јаглеродниот циклус.

Габите и другите организми традиционално сметани за габи се често економски и општествено важни бидејќи се причина за разни заболувања кај животните и растенијата. Наводи

Надворешни врски Професионални организации МДА: Миколошко друштво на Северна Америка Британско миколошко друштво Центар за проучување на габната биоразновидност (Хонгконг, Кина) Аматерски организации Северноамериканска миколошка асоцијација Миколошко друштво на Сан Франциско Миколошко друштво на Орегон Северноамериканско друштво Други поврзани врски "Шрумток" форум WWW Виртуелна библиотека: Микологија Врски на MykoWeb Миколошки речник од миколошкото друштво на Илиноис

* Категорија:Гранки на биологијата