Стефан Урош II Милутин Немањиќ (роден околу 1253 година - починал во Неродимље 29 октомври 1321 година) бил крал на Србија (1282—1321), и еден од најмоќните српски владетели во средниот век.
Рани години мини|лево|Тврдината Ново Брдо била изградена од Стефан Милутин во 1285.
Стефан Милутин бил најмладиот син на кралот Стефан Урош I и неговата сопруга, Елена Анжујска. Неочекувано, тој станал крал после абдикацијата на неговиот брат Стефан Драгутин.
Владеење Веднаш по стапувањето на престолот ги нападнал византиските земји во Македонија. Во 1282 ги освоил северните делови на Македонија, вклучувајќи го и градот Скопје, кој станал негова столица. Византискиот император Михаил VIII Палеолог ги започнал подготовките за војна, но умрел пред нивното завршување. Следната година Милутин напредувал со својот брат длабоко во византиската територија сè до Кавала.
Го зазел Драч од Византијците во 1296. Во Битката кај Галиполе (1312) испратил воена помош на императорот Андроник во одбрана на неговите земји против Османлиите. По неколкуте несупешни обиди на Византија, таа била принудена да побара помош од Србија. Османлиите започнале со пљачкање на регионот, и двете војски се судриле на полуостровот Галиполе, каде што Османлиите биле поразени. Како благодарност византискиот император го подарил градот Куцово на српскиот крал.
По смртта на Стефан Драгутин во 1316, Милутин ги освоил неговите земји, вклучително и Белград. Тоа било неприфатливо за унгарскиот крал Карло I, кој започнал да бара сојузници против Србија, вклучително и меѓу албанските благородници, кои добивале поддршка од папата Јован XXII. Милутин започнал да ги прогонува католиците.
Фамилија Од својата прва жена, Јелена, српска благородничка, имал две деца, кралот Стефан Урош III и Ана-Неда, која била омажена за бугарскиот цар Михаил Шишман. Од втората жена, Елена, ќерката на севастократорот Јован I Дука од Тесалија, немал деца. Со третата жена, Елизабета, ќерката на унгарскиот крал Стефан V и Елизабета Куманка, Милутин имал ќерка, Зорица. Од четвртата жена, Ана, ќерката на бугарскиот цар Георги I, Милутин имал син, Стефан Константин. Со петтата жена Симонида, ќерка на византискиот император Андроник II Палеолог, немал деца.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Православни монарси Категорија:Погреби во црквата Света Недела (Софија) Категорија:Српско благородништво Категорија:Црногорски монарси Категорија:Европски монарси од 13 век Категорија:Европски монарси од 14 век Категорија:Православни светци Категорија:Христијански светци од 14 век Категорија:Родени во 1253 година Категорија:Починати во 1321 година