Вилхелм Бјеркнес ( - ) — норвешки физичар и метеоролог.
Бјеркнес е еден од основачите на метеорологијата како наука. Го основал Бергенскиот геофизички институт во 1917 г. и низа метеоролошки станици низ цела Норвешка. Врз основа на податоците добиени од тие станици, Бјеркнес и неговите соработници го откриле постоењето на воздушните маси разделени со фронтови и ја развиле теоријата што го опишува создавањето и исчезнувањето на воздушните фронтови.
Категорија:Метеоролози Категорија:Норвешки физичари Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Членови на Кралското научно друштво во Упсала