Сув Дол — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Леуново. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 500 м североисточно од селото, веднаш над езерото и од левата страна на патот за Гостивар, каде се гледаат темели од мала еднокорабна црква ѕидана од кршен камен и варов малтер. Во непосредната близина има големи камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Долномаалски Гробишта — црква од средниот век; Ѓоновица — средновековна населба; Наводи

Категорија:Леуново