Методиј I Цариградски ( во - во ) бил Вселенски патријарх во периодот од 843 до 847 година.

Кога завршил со светското школување се замонашил и почнал да се подвизува во манастир. Патријархот Никифор го зел на служба кај себе. Во времето на иконоборечките цареви насекаде се прочул како одличен бранител на иконопочитувањето. Царот Теофил го затворил за тоа на еден остров. Во затвор со двајца обични разбојници поминал седум години.

Во времето на царицата Теодора и нејзиниот син Михаил, Методиј бил ослободен и избран за патријарх. Во првата недела од Чесниот Пост, Методиј свечено ги внел иконите во црква и напишал канон во чест на иконите. Кривоверците според преданието, најмиле една жена којашто изјавила дека патријархот со неа има нечисти телесни односи. Не знаејќи како поинаку да ја докаже својата невиност, патријархот прејде преку срамот и се соблекол гол пред судот којшто сам го побарал и го покажал своето суво и истоштено тело. Судот очигледно се уверил дека патријархот е наклеветен.

Наводи

Категорија:Византиски светци Категорија:Православни светци Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Италијански светци Категорија:Римокатолички светци од Италија Категорија:Архиепископи од 9 век Категорија:Византијци од 9 век Категорија:Христијански светци од 9 век Категорија:Починати во Истанбул Категорија:Родени во непозната година Категорија:Византиски теолози