Реџов Гроб — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Сретково. Претставува утрвдување од средниот век. Се наоѓа на околу 2 км западно од селото, во непосредната близина на преминот Стража, каде на висок рид со доминантна местоположба се гледаат грамади од градежен камен што ѝ припаѓаат на мала фортификација што го обезбедувала планинскиот премин кон кичевскиот басен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Јела — средновековна населба и некропола; Крстови — средновековна некропола; Сотка — средновековна некропола;

Наводи

Категорија:Сретково