Манастириште — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Бороец. Претставува сакрален објект од доцниот среден век. Се наоѓа северозападно од селото и од наоѓалиштето Црквиште, на простор обраснат со бујна вегетација на кој се забележливи грамади од градежен материјал. Врз основа на топонимот и грамадите, се претпоставува дека на ова место имало сакрален објект.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Бороец; Бигор – некропола од доцен среден век; Градиште – градиште од средниот век; Мартини Села — населба од средниот век; Црквиште – сакрален објект од средниот век.

Наводи

Категорија:Бороец