Плешец — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Вевчани. Претставува населба од неолитско и железно време.Р. Пашиќ: „Неолитски наоѓалишта во Охридско“, „Лихнид“, I, Охрид, 1957. Се наоѓа на околу 10 км северно од Струга, на крстосницата покрај асфалтниот пат за Дебар, каде што се дели патот за селото Лабуништа. Зафаќа простор од 2 ха, посаден со лозови насади, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и кремени орудија.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Вевчани; Бели Брег — населба од доцноантичко време; Бојкоска Браненица — населба од доцноантичко време; Исмаилова Црква — населба и некропола од доцноантичко време.
Наводи
Категорија:Вевчани