Света Петар и Павле — црква во гостиварското село Долна Бањица од 19 век. Во црковниот двор се наоѓаат гробишта. Во 2010 година црквата била мета на грабеж, додека во декември 2011 година, вандали со камења искршиле 5 прозорци на црквата. Во близина на црквата, се наоѓа археолошкиот локалиет од средновековниот период „Црквиште“.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Наводи

Галерија

Категорија:Долна Бањица Тајмиште