Спас — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на јужниот раб на селото на зарамнето плато во приватен имот, каде се гледаат камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад, а во западниот дел на наоѓалиштето има грамада од кршен камен што упатува на помала еднокорабна црква.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горни Крст — средновековна црква и некропола; Горни Ропаич — средновековна црква и некропола; Жубовски Пат — средновековна некропола; Зилбов Гроб — средновековна некропола; Кале — населба од железно и римско време; Долни Крст — средновековна црква и некропола; Св. Богородица — средновековна црква и некропола; Сред Село — средновековна црква и некропола; Стражник — некропола од бронзено време; Чатал — населба од доцната антика; Чифлик — некропола од доцната антика. Наводи

Категорија:Дебреше