Црквиче — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Железна Река. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 4,5 км источно од селото, каде се откриени камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад. Видлива е и грамада од кршен камен и варов малтер, веројатно од сакрален објект, на што упатува и топонимот.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Гробишта — некропола од доцноантичко време; Рудниче — населба и топилница од доцноантичко време и средниот век;

Наводи

Категорија:Железна Река