Жак Дерида (фр. Jacques Derrida; – ) — француски филозоф. Тој гоо вовел критичкиот приод наречен деконструкција, а неговите дела се поврзуваат и со постструктурализмот и со постмодерната филозофија. Неговиот плоден творечки опус имал значајно влијание на теоријата на литературата и континенталната филозофија.

Живот

Рани години и образование Дерида е роден на 5 јули 1930 година во Ел Биар, тогаш француски Алжир, во сефардско еврејско семејство кое добило француско државјанство во 1870 кога декретот на Кремјоим дал целосно француско државјанство на автохтоните Евреи од француската колонија Алжир. Тој бил трето од петте деца. Неговите родители, Еме Дерида и Жоржет Султана Естер Сафар го нарекле Џеки, веројатно по холивудски глумец, но подоцна тој ќе ја преземе „поправилната“ верзија од своето име. Младоста ја поминал во Ел-Биар, Алжир. На првиот училиштен ден во 1942, Дерида бил избркан од неговото средно училиште од страна на француски управници кои спроведувале антисемитски мерки. Тој тајно не одел на училиште една година наместо да го посетува еврејското средно училиште, формирано од страна на раселени професори и студенти. Во тоа време тој зел учество во бројни фудбалски натпревари. Започнал посериозно да размислува за филозофијата околу 1948/49 година. Станал ученик во лицејот Луј-ле-ГрандПвоариз, но воопшто не уживал таму. Двапати не го положил приемниот испит пред конечно да биде примен на Екол Нормал на крајот од учебната година 1951/52. На првиот ден во Екол Нормал, Дерида го запознава Луј Алтисер, со кој станува пријател. По посетата на Хусерловата архива во Лувен, Белгија, тој го завршува државниот испит по филозофија на Едмунд Хусерл. Дерида добива и стипендија за студирање на Универзитетот Харвард, а во јуни 1957 се жени со психоаналитичарката Маргарит Окутурие во Бостон. Во текот на алжирската војна за независност, Дерида побарал да предава на деца на војници наместо да оди во војска, така што предавал француски и англиски од 1957 до 1959. По војната Дерида се здружува со Тел Кел групата на литературни и филозофски теоретичари. Истовремено, од 1960-1964 тој предава филозофија на Сорбона, а од 1964-1984 во Екол Нормал. Неговата сопруга го раѓа нивното прво дете, Пјер, во 1963. Почнувајќи со предавањето насловено „Структура, знак и игра во дискурсот на општествените науки“ одржано во 1966 на Универзитетот Џонс Хопкинс, неговата работа добива меѓународна важност. Во 1967 се раѓа неговиот втор син, Жан. Истата година Дерида објавува три книги: „Пишување и разлика“, „Говор и феномени“ и „За граматологијата“.

Во 1983 Дерида соработувал со Кен МекМуленфнаилмот „Танц на духови“. Тој се глуми себеси во филмот, а придонел и за сценариото. Дерида бил директор за настава во École des Hautes Études en Sciences Sociales воПриз. Заедно со Франсоа Шатлево8во ја основале Меѓународната академија за филозофија , иституција која имала за цел да обезбеди простор за филозофски истражувања. Дерида бил избран за нејзин прв претседател. Во 986 станува професор по општествени науки на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин. Универзитетот и семејството Дерида се моментално вклучени во спор во врска со материјалите кои ги содржи неговата архива, дел од која била неформално оставена во наследство на самиот универзитет. Тој бил редовен визитинг професор на неколку други поголеми американски универзитети, Универзитетот Јејл, Универзитетот Њујорк, Универзитетот Стони Брук и Новиот факултет за општествени истражувања.Во 2 002 Дерида се појавува во документарец за самиот него и неговата работа, насловен „Дерида“.

Признание и критика Доделени му се почесни докторати на Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Колумбија, Новиот факултет за општествени истражувања, Универзитетот во Есекс, Универзитетот во Леувен, Вилијамс Колеџот и Шлескиот универзитет. Честопати бил критикуван од конзервативните академиц,и како што е аналитичкиот филозоф Вилард ван Орман Квајн. Во 1992 голем број на аналитички филозофи од Универзитетот Кембриџ се обиделе да го спречат доделувањето на дипломата но биле малубројни на гласањето. Во едно интервју Дерида наведува дека дел од причините за насилните напади врз неговата работа било тоа што ги преиспитува и ги модифицира правилата на доминантниот дискурс и се обидува да ја политизира и демократизира универзитетската сцена. Дерида бил член на Американската академија на науките и уметноститевио 2001 година ја добива наградата Адорно од Универзитетот во Франкфурт. Во 2003 на Дерида му е дијагностициран рак на панкреасот, што ги намалило неговите ангажмани. Умира во болница во Париз вечерта на 8 октомври 2004 година.

Работа Вовед

Дерида почнува да зборува и пишува јавно во времето кога француската интелектуална сцена се соочуваше со продлабоченен јаз помеѓу она што би можело да се нарече „феноменолошки“ и „структурални“ пристапи кон разбирањето на поединечниот и колективниот живот. За оние кои биле феноменолошки ориентирани, целта била да се разбере искуството преку разбирање и опишување на неговата генеза, процесот на неговото појавување од потеклото или настанот. За структуралистите ова беше лажен проблем и „длабочината“ на искуството можеше да биде само ефект од структури кои самите не се искуствени. Токму во овој контекст Дерида во 1959 го поставува прашањето: Зар не мора структурата да има генеза, и зар не морапотеклото, поентата на генезата, да биде веќе структурирано со цел да биде генеза на нешто? Со други зборови, секој структурален или „синхрониски“ феномен има историја и структурата не може да се разбере без разбирање на нејзината генеза. Истовремено, со цел да има движење, или потенцијал, потеклото не може да биде некое чисто единство или едноставност, но мора веќе да биде артикулирано – комплексно, такво што од него може да се појави дијахрониски процес. Оваа првична сложеност не смее да се сфати како оригинална претпоставка, туку повеќе како стандардност на потеклото, на кое Дерида посочува како на повторливост, запис или текстуалност. Токму оваа мисла за првична сложеност, е двигателот во делата на Дерида и од неа се изведени сите поими, вклучувајќи го и поимот „деконструкција“. Методот на Дерида се состои од демонстрирање на формите и варијантите на оваа првична сложеност и нивните повеќекратни последици во многу области. Тој го постигнува ова со спроведување на темелни, внимателни, чувствителни, а сепак преобразувачки исчитувања на филозофски и книжевни текстови, за да се утврди кои аспекти на тие текстови се спротивни на нивната очигледна систематичност (структурно единство) или намерата на смисла (авторска генеза). Со укажување на апории и елипси во мислата, Дерида се надевал дека ќе ги покаже бесконечно суптилните начини на кои оваа првична сложеност, која по дефиниција не може да бидат целосно осознаена, ги произведува своите структурални и деконструктивни ефекти.

Рани дела На самиот почеток од неговата филозофска кариера, Дерида бил заинтересиран да елаборира критика за границите на феноменологијата. Неговиот прв подолг академски текст, пишуван како дисертација се однесувал на работата на Едмунд Хусерл. Во 1962 тој ја објавува книгата „Потеклото на геометријата од Едмунд Хусерл: вовед“, која го содржи неговиот превод на Хусерловиот есеј. Дерида за првпат привлекол поголемо внимание надвор од Франција со неговото предавање „Структура, знак и игра во дискурсот на општествените науки“ на Универзитетот Џонс Хопкинс во 1966 (кое потоа е вклучено во „Пишување и разлика“). Конференцијата каде што бил презентиран овој труд, била посветена на структурализмот, во периодот кога тој извршил најголемо влијание во Франција, а тукушто почнал да привлекува внимание во Соединетите Држави. Дерида се разликувал од останатите учесници во недостатокот на експлицитна посветеност на структурализмот. Тој ги пофалил постигнувањата на структурализмот, но истовремено бил резервиран во поглед на неговите внатрешни ограничувања, штоупатувана идејата дека неговата мисла била еден облик на пост-структурализам. Во почетокот на есејот Дерида тврди: (…) целата историја на концептот на структурата, пред распадот за кој зборуваме, треба да се гледа како серија на замени на центар за центар, како поврзан синџир за определување на центарот. Последователно, на регулиран начин, центарот прима различни форми или имиња. Историјата на метафизиката, како историјата на Западот е историјата на овие метафори и метонимии. Неговата матрица е одредување на Битието како присуство во секоја смисла на зборот. Може да се покаже дека сите имиња поврзани со основи, принципи или со центарот секогаш означувале непроменливо присуство: суштина, постоење, супстанција, предмет возвишеност, свесност, Бог, човек и така натаму. „Структура, знак и игра“ во „Пишување и разлика“, стр. 353 Ефектот од трудот на Дерида бил таков што кога трудовите од конференцијата биле издадени во 1970 насловот на збирката станал „Структуралистичка контроверзност“. На конференцијата се запознал со Пол де Ман, кој ќе му биде близок пријател и извор на голема контроверзност, како и со францускиот психоаналитичар Жак Лакан.

1967 – 1972 Интересите на Дерида ги премостувале границите на одредени дисциплини, а неговото познавање на широк спектар од различни области се отсликува во трите збирки од трудови објавени во 1967: „Говор и феномени“, „За граматологијата“ и „Пишување и разлика“. Овие три книги содржат негови толкувања на делата од многу филозофи и писатели вклучувајќи ги Хусерл, јазичарот Сосир, Хајдегер, Русо, Левинас, Хегел, Фуко, Батај, Декарт, антропологот Леви-Строс, палеонтологот Лероа -Гуран, психоаналитичарот Фројд и писатели како Жабе и Арто. Дерида често го признавал неговиот „долг“ кон Хусерл и Хајдегер и изјавил дека без нив тој не би кажал ни збор. Помеѓу поставените прашања во овие есеи се: Што е „значењето“, кои се неговите историски односи кон она што наводно е идентификувано под рубриката „глас“ како вредност на присуството, присуство на предмет, присуство на значењето на свеста, само-присуство во таканаречени живи говори и самосвест. Во еден друг есеј во’’ „Пишување и разлика“’’ наречен „Насилство и метафизика: есеј за учењето на Емануел Левинас“, лежи основата за една друга клучна тема во мислата на Дерида: Другоста, како спротивно од истото: “Деконструктивистичката анализа ја лишува сегашноста од нејзиниот престиж и ја изложува на нешто tout autre, ”сосема друго”, вон она што е предвидливо од сегашноста, вон хоризонтот на“истото”. Оваа збирка од трите книги објавени во 1967 ја елаборираа теоретската рамка на Дерида. Тој прави обиди да се пристапи до срцето на западната интелектуална традиција, карактеризирајќи ја оваа традиција како “потрага по трансендентално битие кое служи како извор на значењето.”

Обидот да се основаат значенските односи уредени од светот во барање кое самото се наоѓа надвор од целата рационалност се однесува на логоцентризам, според Хајдегер, а и Дерида смета дека филозофската иницијатива е во суштина логоцентрична и дека ова е парадигма наследена од јудаизмот и хеленизмот. Од своја страна тој го објаснува логоцентризмот како фалократски, патријархален и маскулинистички. Дерида придонел за „разбирањето на некои длабоко скриени филозофски претпоставки и предрасуди во западната култура”, тврдејќи дека целата филозофска традиција се темели на произволни дихотомии и дека секој текст содржи имплицитни хиерархии, „со кои се наметнува ред на реалноста, и со кои се спроведува суптилна репресија, бидејќи овие хиерархии исклучуваат, подредуваат и кријат одредени потенцијални значења.“ Дерида се осврнува на неговата постапказа разоткривање на овие дихотомии како деконструкција на западната култура. Следните пет години на предавање и пишување на долги есеи, делата ги собира во две збирки во 1972, ‘’Дисеминација и Граници на филозофијата’’, и во истата година објавува збирка на интервјуа наречена „Позиции“.

1972 -1980