Анови — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Србиново. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 4 км југозападно од селото, во непосредната близина на фудбалското игралиште, на синорот со селото Падалиште, каде се гледаат темели од објект граден од кршен камен во сувоѕидица, а во непосредната близина има и големи камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Баловско Маало — доцноантичка некропола; Ѕвездино Кале — утврдена населба од римско и доцноантичко време; Самоков — средновековна рударска населба; Црква — средновековна црква и некропола;
Наводи
Категорија:Србиново