Кале — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Горно Татеши. Претставува утврдување од римско време. Се наоѓа на околу 2-3 км северозападно од селото на висок рид со местоположба која доминира над целата околина, на надморска височина од околу 1.000 м. На зарамнетото плато, кое зафаќа површина со димензии од 40 × 60 м, се гледаат темели од бедеми, а по површината е откриено големо количество градежен материјал. Откриени се и неколку базени за собирање на дождовница. На овој простор, пред Втората светска војна е пронајдена сребрена монета (веројатно тетрадрахма). Тоа укажува на можноста калето да постоело од I век пред н.е. па сè до доцната антика, што може да се заклучи и од големиот број фрагменти од керамички садови, питоси и друг археолошки материјал пронајден на површината.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Горно Татеши; Бегова Нива - Ќеле — населба од доцноантичко време; Горна Ливада — некропола од доцен среден век; Петкова Нива — населба од доцноантичко време; Црква — населба од доцноантичко време; Штрати — населба од доцноантичко време.

Наводи

Категорија:Горно Татеши