Ова е список на ерменски народни поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.
Поговорки
Денешниот збор е утрешен мост. Кога меѓу луѓето не би имало магариња, цената на вистинските магариња би нараснала до баснословни износи. Куќа без жена - воденица без вода. Мечката рекла: „Од никого не се плашам, освен од двајца браќа!“ На гладната мачка глушецот нема да и помогне. Полесно ќе направиш дупка во вода, отколку да извлечеш пари од скржавец. Попот дознава што е смртта дури откако попадинката ќе умре. Синчето се држи со две раце, а ќерката со една. Страдањата биле дадени на карпите, но тие не издржале, па им ги препуштиле на луѓето.
Категорија:Ерменска култура Категорија:Поговорки