2020-тите („две илјади и дваесеттите“) — тековното десетлетие кое започна на 1 јануари 2020, а ќе заврши на 31 декември 2029 г. Ова е третото десетлетие на XXI век и III милениум.
Tековната пандемија на COVID-19, руската инвазија на Украина и забрзувањето на глобалното затоплување се само некои од случувањата кои досега ги обележаа 2020-тите.
Значајни прогнози и познати настани Взаемодејството на трете главни декадни сончеви циклуси дека престои намалување на сончевата активност, со нискоенергетски период околу 2020 г. Според написот на Џон Мадокс во списанието „Nature“, ова може да го ублажи глобалното затоплување (барем привремено) во 2010-тите и 2020-тите. Под претпоставка дека атлантската повеќедекадна осцилација минува низ 70-годишен квазициклус (по највисоките точки во ≈1880 и ≈1950 г), тековната глобална фаза веројатно ќе ја достигне највисоката точка во текот на оваа деценија. Вселенските агенции ЕСА (Европа), КНВУ (Кина), ФКА (Русија), и ИСРО (Индија) планираат секоја од нив да испрати екипаж на Месечината. Според извештај на Националниот совет за разузнавање, САД ќе се соочи со релативен пад на нивната економска и воена моќ, поради подемот на поновите велесили како Кина, Индија и ЕУ и домашните ограничувања на глобалното водство. Војаџер 2 треба да престане да емитува на Земјата.
Футуристот Реј Курцвајл прогнозира дека 2029 е најверојатна година кога би се случил епохалниот момент во разојот на вештачката општа интелигенција. Тој очекува дека во овој период сметачите ќе достигнат човечка интелигенција, и дека набргу ќе gi надминат човечките умствени способности. Intel прогнозира дека до 2029 суперсметачите ќе достигнат способност од зетафлопни размери. Се предвидува дека кон крајот на деценијата светското население ќе надмине 8 милијарди, за половина милијарда повеќе од 2020, што претставува забавување на порастот во '10-тите, кога се прогнозира населението да се зголеми за 700 милиони.видете разни прогнози и извори во статијата „Историја на светското население“
Наводи
Категорија:21 век