Кахамарка () — град во Перу и главен град на регионот Кахамарка. Кахамарка се наоѓа во планинскиот регион на Перу на околу 2.700 метри надморска височина и има население од околу 135.000 жители. Кахамарка има екваторска клима со топли и суви лета кои создаваат плодна почва во околината на градот. Овој град во Перу е познат по производството на сирење и млечни производи. Покрај тоа, Кахамарка е познат по црквите и изворите на топла вода или наречени Инка бањи. Во околината на градот исто така има неколку минерални наоѓалишта. Како и да е, Кахамарка во перуанската и светската историја, е познат по фактот што токму во овој град е ставен крајот на Тавантинсују, кога се одржала познатата Битка кај Кахамарка и при таа битка е заробен и убиен последниот Сапа Инка - Атахуалпа.
Познати личности Карлос Кастанеда (1925-1998) — перуанско-американски духовен писател
Наводи
Поврзано Градови во Перу Регион Кахамарка Атахуалпа
Надворешни врски
Карта на Кахамарка Информации и слики за патување во Кахамарка Miracle Village International - хуманитарна организација во Кахамарка Villa Milagro Davy College
Категорија:Градови во Перу Категорија:Кахамарка (регион) Категорија:Населени места основани во 15 век Категорија:Населени места основани во 1533 година