мини|350п|десно|
Малешевско-пиринскиот дијалект спаѓа во Источната група на Источно и јужно македонско наречје. Се зборува во Малешевијата, Пијанец, делови од Осоговијата и во Горноџујамско, Светиврачко, Петричко и Разлошко во Пиринска Македонија.
Фонолошки одлики старословенскиот глас Ѫ (он) преминал во а : даб, габа, важе замена на старословенските ерови Ъ > о, Ь > е : бочва, сон, дош, свекор, пекол, ден, темен, тенка употреба на согласната група шч и жџ на местото на старословенските *tj, *dj : кашча, гашчи, ношческа, плешчи, вежџа, межџа, нужџа измена на самогласките :полн > п'н, болва > б'а, волна > в'на, жолт > ж'т, солза > с'за самогласно л и р: длг, клбо, крв, трн, грло, дрво употреба на предлог (во град > у градо) употреба на архаичната х наместо в на крајот на зборот (видов > видох): бух(був), страх(страв) испуштање на буквата т при членувањето на именките (братот > брато) меки согласки љ и ќ на крајот на зборот: сољ, кронџуљ, темељ, жељќа, точиљќа
Морфолошки одлики сегашно време 1л.ед. со а : ода (одам), печа (печам), пија (пијам) употреба на наставката -ове за множина : волове, носове употреба на предлозите воф(во) и сос(со) употреба на глаголски прилог со наставка -јќи : одејќи, викајќи употреба на наставка за имперфект - шеа : одешеа (одеа), викашеа (викаа), пијешеа (пиеја) акцент врз наставката за 1л.ед.аорист кај глаголи на ох : пеко́х, реко́х, влего́х
Лични заменки Еднина Јас Ти Он Она Оно
Множина Ние Виe Тие, Они
Надворешни врски Речник на малешевски зборови со литературно македонско и англиско толкување Аудиоматеријал од говорот од Берово од збирката на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ Аудиоматеријал од говорот од с. Владимирово, Беровско од збирката на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ
Категорија:Македонски дијалекти Дијалект Дијалект