Хеликоптерот Bell/UH-1 е прв хеликоптер од славната Huey (што во превод значи брз) фамилија хеликоптери што се користени одстрана на САД во Виетнамската војна. Првиот лет хеликоптерот го има направено во 1956 година и оттогаш до доцните шеесетти години се направени неколку илјади хеликоптери. Вкупно за потребите на американските вооружени сили се изработени околу 2,500 хеликоптери од овој модел.

Варијанти XH-40 - прототип што полетал на 20.10.1956 година HU-1A - првична производна верзија за армијата на САД со турбомлазен мотор Lycoming XT53-L-1, со сила од 825 КС и со капацитет од шест седишта. Хеликоптерот го добива прекарот Huey. HU-1B - верзија со зголемен капацитет од седум седишта и со променети кракови од носечкиот мотор. UH-1A - преименуван од HU-1A во 1962 година. UH-1B - преименуван од HU-1B во 1962 година. UH-1C - подобрена верзија од UH-1B, со турбомлазен мотор T53-L-11. UH-1E - верзија за маринци, со дигалка и двоцевен митралез 7,62 мм. TH-1E - двојно командувачки, за тренажа во Маринскиот корпус. UH-1F - верзија за ВВ на САД, со саќести лансери и турбомлазен мотор General Electric T-58-GE-3, со сила од 1,290 кс TH-1F - верзија за тренажа развиена од UH-1F HH-1K - верзија за Морнарицата на САД, со турбомлазен мотор T53-L-13 UH-1L - повеќенаменска верзија за Морнарицата на САД, со турбомлазен мотор T53-L-13 TH-1l - тренажна верзија со турбомлазен мотор T53-L-13 UH-1M - армиска верзија, со сензор за ноќно летање AB-204 - италјанска лиценцирана верзија, со избор на мовеќе мотори, вклучувајќи ги тука T53-GE-3, со сила од 1,290 КС, потоа Textron Lycoming T53-L-11 или Rolls-Royce Gnome H.1200, со сила од 1,250 кс Hkp 3B - шведска ознака за АВ 205 AB 204AS - италјанска лиценцирана морнаричка верзија, со турбомлазен мотор Т53-GE-3, со сила од 1,290 кс Fuji-Bell 204B-2 - јапонска лиценцирана верзија, исто така поцнат како Hi'yodori Huey Tug - UH-1C, со посилен мотор RH-2 - верзија за истражување

Вооружување Митралези на страничните врати или под трупот, како што се: М60 со калибар 7,62 мм или Browing со 12,7 мм, наведувани ракети во саќести лансери, фрлачки на гранати од 40 мм, Mk44 торпедо.

Галерија

Категорија:Хеликоптери Категорија:Повеќенаменски хеликоптери