Хеликоптерот Bell 205 претставува најголема надградба на популарниот Huey, кој е со истакнато продолжена и проширена кабина за зголемување на капацитетот. Првиот, од 2,008 нарачани хеликоптери UH-1D и 3,573 хеликоптери UH-1H, за армијата на САД, влегол во употреба во 1986 година. Тој е во континуирана воена употреба до ден денешен, а ќе биде и во првите години од ова столетие. Неколку од произведените хеликотпери се опремени за електронско војување, а 220 се во санитетска варијанта UH-1V. Голем број од хеликоптерите се конзервирани и складирани. Компанијата Bell хеликоптерот го модернизираше во варијантата UH-1HP Huey II, со подобрување на постојните мотори во стандард Т53-703, со 400 КС дополнителна сила, како и со усовршување на преносот на опашниот ротор и на авиониката.

Варијанти UH-1D - оригинална верзија за Армијата на САД, со турбомлазен мотор Lycoming T53-L-11, со сила од 1,100 КС и капацитет за 12-14 патници. UH-1H - верзија за армијата на САД, со турбомлазен мотор T53-L-13. UH-1V - верзија за армијата на САД, за медицинска евакуација (MEDEVAC) и спасување (Rescue), со дигалка. CUH-1H - канадска верзија за обука, означена како CH-118. EH-1H - верзија за електронска војна, наречена „Quick fix“. HH-1H - верзија за ВВ на САД (USAF), за спасување. UH-1HP Huey II - комерцијална надградена верзија со подобрен турбомлазен мотор. Huey 800 - комерцијална надградена верзија со турбомлазен мотор LHTEC T800. UH-1/T700 Ultra Huey - комерцијална надградена верзија со турбомлазен мотор General Electric T700-GE-701C, со сила од 1,900 КС. HU-1H - јапонска верзија. AB 205A - италјанска воена верзија, означена како EM-2, со турбомлазен мотор Т53-L-13. AB 205A-1 - подобрена италјанска верзија на 204А. AB 205BG - прототип на италјанска верзија со два турбомлазни мотори Gnome H 1200. AB 205TA - прототип со мотори Turbomeca Astazous. HE.10B - шпанска ознака за АБ 205. Advanced 205B - предложена јапонска надградба.

Вооружување Два митралези поставени странично на вратите, ненаведувани ракети во саќести лансери.

Галерија

Категорија:Хеликоптери Категорија:Повеќенаменски хеликоптери

es:Bell 204/205 fr:Bell 204 sv:Bell 204/205 zh:貝爾204/205