Грбот на Чиле е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот датира од 1834 година и бил дизајниран од англискиот артист Чарлс Вуд Тејлор. Актуелниот чилеански грб бил официјално усвоен на 26 јуни 1834 година.
Опис Грбот е составен од неколку елементи. Во централниот дел има штит со кафеави граници и истиот е поделен на два хоризонтални дела во горна сина и долна црвена боја. Во средината на штитот има сребрена петокрака. Од левата страна на штитот има јужноандски елен, а од десната страна има кондор кои имаат функција на држачи. Кондорот е најчеста птица на Андите, додека еленот е најредок цицач на територијата на Чиле. Двете животни имаат златни морнарички круни, кои го симболизираат херојството на чилеанската морнарица. Над штитот има три пердуви во сина, бела и црвена боја, симболи кои ги носеле поранешните претседатели на Чиле. Под штитот има кафеав пиедестал на кој има закачено бела лента со геслото: "Por la Razón o la Fuerza" или на македонски „Со причина или со сила“.
Останати грбови
Поврзано Чиле Знаме на Чиле
Надворешни врски Галерија на чилеански грбови
Чиле Категорија:Национални симболи на Чиле