Ахмет Давутоглу (роден на во Ташкент, Конија) е турски политичар, академски научник, амбасадор и актуелен министер за надворешни работи на земјата.
Давутоглу дипломирал на Истанбуслкиот универзитет Еркек и на универзитетот Богазичи во Истанбул, каде се стекнал со диплома по јавна администрација и станал доктор по политички науки. Во периодот од 1993 до 1999 година работел како професот на универзитетот Мармара.
Во текот на неговата политичка кариера, тој бил на повеќе позиции. Тој бил еден од одговорните во преговорите на турската влада за решевање на конфликтот во Израел и Газа во 2008 година. На 1 мај 2009 година бил назначен за министер за надворешни работи. Во негово време, Турција станала една од водечките земји во регионот и Блискиот Исток.Turkey FM Davutoglu embraces mediation role , (in English), bbc.co.uk, 31 Dec 2009.
Давутоглу честопати се поистоветува со поимот нео-отоманизам, кој се залага за комонвелт со своите соседи и некогашните отомански провинции. И покрај ова тврдење, тој лично ова го отфрла.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Турски министри Категорија:Турски политичари Категорија:Универзитет Богазичи Категорија:Универзитет Мармара Категорија:Министри за надворешни работи на Турција Категорија:Турски научници Категорија:Турски дипломати