Јахја Кемал Бејатли (роден на во - во ) бил турски поет и политичар.

Јахја Кемал Бејатли е роден е во Скопје, каде што живеел до својата осумнаесет годишна возраст, по што се преселил во Истанбул. Јахја Кемал Бејатли своето средно образование го завршил во Истанбул. По ова заминал да учи политички науки во Париз, Франција. Во 1912 година се вратил во Истанбул. Во периодот од 1915 до 1923 година работел како универзитетски професор. Во 1923 година станал пратеник во новата турска република. Во турските амбасади работел во периодот од 1926 до 1935 година во градовите Варшава и Мадрид. По своето враќање во Турција, повторно станал пратеник, до 1946 година.

Литературно дело

Јахја Кемал Бејатли се смета за еден од основоположниците на современата турска поезијаhttp://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=40180, кој се прославил уште додека бил жив, но не објавил ниту една своја книга. Дури по неговата смрт се објавени неговите дела, меѓу кои се и "Нашето небо", "Со ветрот на старата песна" "Возвишен Истанбул", "Разговори за историјата", "Наведнете се планини".

Наводи

Категорија:Турски политичари Категорија:Турски поети Категорија:Отомански поети Категорија:Македонски Турци Категорија:Луѓе од Истанбул