Goodbye Lullaby — четвртиот студиски албум на канадската пејачка и текстописец Аврил Лавињ. Албумот најпрво беше издаден на 2 март 2011 од RCA Records (Sony Music). Снимачките сесии започнаа во ноември 2008, и заземаа период на снимање од две години, и еден месец вклучувајќи го и октомври 2010 година. Албумот ги содржи следните иструменти: пијано и акустична гитара. Секоја песна на албумот е напишана од Аврил Лавињ, додека половина од песните пак почнала да ги пишува со помошни текстописци. Досега албумот има продадено повеќе од 900.000 примероци ширум светот искачувајќи се на прво место на табелите во Јапонија, Австралија, Германија, Грција, Тајван, Кореја, Сингапур, Хонгконг и Чешка, а во првите Топ 5 се искачил во повеќе од 15 држави како во САД и Канада.

Водечкиот сингл на албумот, „What the Hell“, е издаден на 11 јануари 2011 година и се искачил во Топ 20 во САД, Топ 10 во Европа и Австралија и во Топ 5 во Азија. Лавињ направила премиера на песната „What the Hell“ на Dick Clark's New Year's Rockin' Eve во 2010. Албумот исто така ја содржи и издолжената верзија на синглот од саундтракот на филмот од 2010, Алиса во Земјата на Чудата, наречен „Alice“.

Позадина и развој Датумот на издавање на албумот и на водечкиот сингл биле повлекувани неколкупати. Албумот отпрвин требало да излезе на 17 ноември 2009 година. Подоцна, во јануари 2010, Лавињ кажала дека омотот на албумот е фотографиран и дека првиот сингл на албумот ќе излезе во април, а албумот истата година во јуни. Во мај, Лавињ рекла дека албумот бил многу сериозен и „зрел“ и дека ќе се врати во студиото за да го балансира, „Не сакам да брзам со албумот.... Имам многу сериозен албум и мислам дека треба да се стават интересни песни во него.“

Во август 2010, Лавињ се вратила во Henson Recording Studios со продуцентот Алекс да Кид. За време на сесиите, Лавињ имала ангина и луѓето кои работеле со неа морале да носат заштитни маски. И покрај предупредувањето на докторот, Лавињ ги пеела песните, „Јас не бев способна да пеам последните четириесет и осум часа бидејќи можев да направам трајно оштетување на мојот глас.“ Таа кажала дека за време на албумот таа „пробувала нови работи“ и дека „пронаоѓала.“ Лавињ исто така изјавила дека има доволно материјал за два албума.

Во октомври 2010, Лавињ се нашла на Maxim поради проблемот во ноември. За време на интервјуто таа кажала дека завршила со Goodbye Lullaby по две и пол години. Во ноември, Лавињ изјавила дека нејзиниот албум бил завршен за една година и дека причина за неговото одлагање била нејзината снимачка компанија. Лавињ кажала дека нејзината снимачка компанија сакала нешто позабавно за таа да се задржи на мејнстримското радио, „Радиото е многу ритмично и урбано денеска. Јас мислам дека тие сакаа од мене да направам нешто такво, но тоа не беше мојата визија за албумот“.

Целосниот список на песни од албумот бил откриен на 21 декември 2010 година, откако неколку од нив биле изјавени во почетокот на декември. Исто така било изјавено дека две песни од албумот, „4 Real“ и „Goodbye“, биле и двете напишани и продуцирани само од Лавињ. Песните на албумот биле напишани или од Лавињ самостојно или пак заедно со нејзините долгогодишни соработувачи Еван Тобенфелд, Бач Валкер и Макс Мартин. Лавињ кажала дека нејзиниот глас бил најважниот инструмент за време на снимањето на албумот, „Обично главниот вокал се покрива со песната и не можете секогаш да го слушнете неговиот квалитет, карактер, или емоција. Јас сакав мојот глас да биде главниот инструмент."

Снимање Лавињ почнала да го снима албумот во нејзиното домашно студио во ноември 2008 година со песната „Black Star“, само еден месец по турнејата The Best Damn Tour. За да помогне во промовирањето на нејзиниот прв парфем, Black Star, на Лавињ ѝ требало кратка тема. „Black Star“ била композирана во хотел во Малезија за време на нејзината турнеја. Џинглот била прошитен во целосна песна, која според Rolling Stone прераснала во „една од најамбициозните песни на Аврил Лавињ, убава приспивна песна која се врти околу гитарата и пијаното на Coldplay.“

Снимањето почнувалло со минимални инструменти, обично со акустична гитара и Лавињ која пеела, а подоцна биле додавани другите инструменти. Лавињ го опишала процесот: „Јас сакам да изведувам на тој начин, па навистина мислев дека е време за таков албум. Само да се прави сè за вокалот и изведбата, за вибрацијата, за емоцијата.“ Бидејќи Лавињ имала студио во нејзиниот дом, таа можела таму да композира и да снима. Таа исто така го користела и пијаното за да ги композира повеќето од песните. „Пијаното е повеќе од емоционален инструмент. Носи различни емоции во мене и ме движи на поразличен начин отколку гитарата.“ До јули 2009, девет песни биле снимени, вклучувајќи ги песните „Fine“, „Everybody Hurts“ и „Darlin'“. Неколку од песните биле напишани додека Лавињ била млада. „Darlin'“ била втората песна што Лавињ ја напишала на 15 години додека живеела во Напани, Онтарио. Лавињ рекла дека албумот е поразличен од нејзината претходна работа, „Во другите албуми кои ги направив песните се расфрлани насекаде. Ова е најсогласниот албум досега.“

Композиција

Лавињ рекла дека во албумот се работи за „живот“. Таа рекла, „Мене ми е многу лесно да направам некоја лесна поп песна, но да седнам и искрено да напишам нешто што ми е блиску, нешто низ што сум поминала е многу поразлична работа.“ Албумот е враќање на Лавињ кон нејзиниот постар стил и во него преовладува акустична музика. Со исклучок на водечкиот сингл на албумот, „What the Hell“, Лавињ ги опишала песните како поразлични од нејзиниот постар материјал: „Јас сум постара сега и мислам дека тоа што доаѓа од мене не е само поп-рок“. Таа рекла, „[За] овој албум, Јас само навистина, навистина сакав да пеам.... Сакав само да биде тишина околу мене и да ги имам овие акустични песни.“ Во ноември 2010 година, британскиот продуцент Алекс да Кида, кој работел со Лавињ во август 2010, рекол дека некои ос песните на албумот ќе имаат хип-хоп звук, „Имавме некои работи кои беа хип-хоп, а некои работи кои беа повеќе поп/рок“. Во декември, било изјавено дека песните продуцирани од Алекс да Кид нема да се најдат на албумот, но Лавињ рекла, „ние ќе направиме нешто со тие работи, само сè уште не знам што“.

Лавињ го опишала првиот сингл од албумот, „What the Hell“, како „порака за лична слобода“, нарекувајќи го „најголемата поп песна на албумот“, најмалку личната песна и најсличната песна на нејзината претходна работа. Друга песна, „Stop Standing There“, била опишана како да има „чувство на девојка од раните '50-ти" и „Smile“ е за благодарнсота на Лавињ за специјалните луѓе во нејзиниот живот. „Push“ е за врски, а „Wish You Were Here“ ја покажува ранливата страна на Лавињ. Лавињ ја опишала песната „Everybody Hurts“ како „различна... но не е толку многу различна од тоа што сум јас и која сум јас.“ „Goodbye“, една од песните кои Лавињ ги напишала и продуцирала самата е за продолжувањето со својот живот. Лавињ кажала дека „Goodbye“ е најличната песна на албумот, а исто така била и инспирација за насловот на албумот.

Прегледи од критичарите

Goodbye Lullaby добил различни оценки од повеќето музички критичари. На Metacritic, мрежно место кое доделува нормализирани рејтинзи до 100 бода од мејнстрим критичарите, албумот добил просечни 58 бода, според 14 оценувања, што укажува на „микс од просечни оценки“.

Енди Гринвалд од Entertainment Weekly, партнет на CNN, рекол дека Goodbye Lullaby бара балансирање, „Во првата половина е наполнет со светнати слатки песни, додека втората половина се состои од потивки рефлексии јасно инспирирани од ... Дерик Вабли“, нејзиниот поранешен сопруг. Прегледот завршува со давање оценка Б- со оправдување дека пејачката изгледа очајна да ги сподели своите уметнички внатрешни работи, кои се далеку од целосно формирани. Стифен Томас Ерлевин од Allmusic го споредува Goodbye Lullaby со Under My Skin, потенцирајќи го разводот со Дерик Вабли како „Повод за самоиспитување“. Тој заклучува дека Лавињ „се бори со емоции надвор од нејзиниот дофат и никогаш не го артикулира својот гнев или изработува меланхонична мелодија, со што прави Goodbye Lullaby да се чувствува дека е погоден, а не вистински.“ Канадскиот весник The Globe and Mail ја споредил Лавињ во 2002 како „помлада верзија на Аланис Морисет, но нејзините постари корени биле преземени од Ke$ha и Goodbye Lullaby содржи малку работи за да привлече некој кој сè уште не е обожавател.“ Роберт Еверет-Грин ја критикува прогресијата во шест песни: „тоа е основа на поп песните на Печлбел и Canon и уште џилион други поп песни.“ „Goodbye“ била опишана како „балада со жици и пијано што Лавињ целосно ја направила самата, вклучувајќи ја и продукцијата. Таа песна е висока во нејзиниот регистар и звучи по малку како ангел со искинати крилја.“

Комерцијален успех На 10 март 2011, Goodbye Lullaby се искачил на второ место на јапонската Орикон Албум Табела, со 135,410 продадени примероци во првата недела. На Билборд 200, албумот се искачил на четвртото место, со 87.000 продадени примероци во првата недела. Сите четири албуму на Лавињ се искачиле во топ четири на Билборд 200, иако Goodbye Lullaby немал толку голем успех како нејзините претходни два албуми, Under My Skin (2004) и The Best Damn Thing (2007). Целосниот број на продадени примероци во првата недела (87.000) е исто така многу помал отколку на Under My Skin (381.000) и The Best Damn Thing (286.000). До денеска албумот има продадено повеќе од 1 милион примероци

Промоција За да го промовира албумот, Лавињ ја одржa турнејата The Black Star Tour во мај 2011 година.

Синглови Лавињ премиерно го извела водечкиот сингл, „What the Hell“, на Dick Clark's New Year's Rockin' Eve на 31 декември 2010 заедно со песната „Girlfriend“. Лавињ рекла дека песната е „навистина интересна, песна за забви, па вредеше што ја изведов за првпат на New Year's Rockin' Eve.“ Наредниот ден, „What the Hell“ бил овозможен за бесплатно спуштање 48 часа од официјалната фејсбук страница на Лавињ. Видеото за синглот било издадено во јануари 2011 година.

Лавињ ги прашала нејзините обожаватели преку нејзиниот Твитер профил кој би требало да биде наредниот сингл, давајќи избор меѓу „Push“ и „Smile“. „Smile“ е издадена како вториот сингл од албумот.

Други искачени песни

„Wish You Were Here“ е песна на Аврил Лавињ од Goodbye Lullaby напишана од Лавињ, Макс Мартин и Шилбек, а продуцирана од последните два. Песната се искачила на 99 место на Билборд Хот 100 и на 64 место на Канадски Хот 100.

Џоди Розен од магазинот Роулинг Стоун на прегледот кој го правела на четвртиот студиски албум на Лавињ, Goodbye Lullaby (2011), ја коментирала песната како „џанглинг моќна балада“. Стефен Томас Ерлевин од Allmusic ја нарекол „Wish You Were Here“ врв на албумот. Според Џонатан Киф од Slant Magazine песната и уште две други [„Push“ и „Smile“] се „грешка да се има лесна уста за вистинска личност“, и „Wish You Were Here“ „не успева да ги направи [стиховите] 'Проклестство, проклестство, проклестство / Што сè би направила да си тука, тука, тука' како јадица“. Ал Фокс, уредник на BBC Music, кажал дека песната е една од оние каде „Лавињ всушност успева да каже вистинска изјава“. Тој исто така коментирал дека е „еден непретенциозна песна“. Мајкл Вуд кажал дека песни како „Wish You Were Here“ и „Everybody Hurts“ се за поранешното панк-детиште, принцезата Лавињ.

Песни на албумот

Забелешки Должина на песните земени од Goodbye Lullaby и Allmusic. Помошникот текстописец и пријател на Лавињ, Еван Тобенфелд ги изведува вокалите при крајот на песната „Push“.

Личности Кредити за Goodbye Lullaby од Allmusic.

Џеф Алдрич – A&R Кејт Армстронг – асистент во миксингот Дејвид Кемпбел – жичени инструмети Ден Чејс – дигитален инженер, уредување, програмирање Џош Фриз – тапани Сербан Генеа – миксинг Ервин Горостиза – дизајн, распоред Џон Хајнес – инженер, миксиинг Родни Хауард – тапани Мајкл Илберт – инженер Тед Џенсен – мастеринг Ник Карпен – миксинг асистент Марк Лидел – фотографија