Девол () — едeн од 36-те окрузи во Албанија, дел од Горичката област. Го добила името според реката Девол која минува низ долината. Округот има население од 33.785 жители и површина од 429 км2. Округот се наоѓа во југоисточниот дел на Албанија, а главен град е Билишта. Округот Девол југозападно се граничи со округот Колоња, а на исток и север со округот Горица (Корча). Во округот живее и македонско малцинство.
Историја
Областата е позната по тврдината Девол, каде што е склучен Договорот од Девол, помеѓу антиохискиот кнез Боемунд I и византискиот цар Алексиј I Комнин во 1108 година.
Општини
Во округот Девол се наоѓаат следните населени места/ општини:
Билишта Хотиште Божиград Прогун Центар Билишта
Наводи
Категорија:Окрузи во Албанија Категорија:Кутмичевица