thumb|245px|Карта на општината.
Општина Кочани — општина во Источна Македонија. Седиште на општината е градот Кочани. Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година кон поранешната Општина Кочани е припоена и Општина Оризари.
Географија Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, сместена на североисточната страна на Кочанската Котлина и југоисточната страна на Осоговските планини. Зафаќа површина 360,32 км2, со најниска надморска височина од 320 м и највисока 2.085 м.
Општината се граничи со: север - Општина Крива Паланка исток - Општина Македонска Каменица југоисток - Општина Виница југ - Општина Зрновци запад - Општина Чешиново-Облешево запад - Општина Пробиштип северозапад - Општина Кратово
Општина Кочани има 28 населени места, од кои 1 е градско и 27 селски. Четири од селските населени места се целосно иселени.
Населено место ЖителиНаселено местоЖители Безиково 2 Небојани 10 Бели 354 Нивичани 233 Вранинци 3 Ново Село 3 Горни Подлог 571 Оризари 2.737 Горно Гратче 0 Пантелеј 24 Главовица 24 Пашаџиково 2 Грдовци 930 Полаки 29 Долни Подлог 327 Пресека 22 Долно Гратче 0 Прибачево 280 Јастребник 11 Припор 0 Костин Дол 2 Рајчани 9 Кочани 24.632 Речани 2 Лешки 9 Тркање 1.001 Мојанци 385 Црвена Нива 0
Историја Поради поволната географска местоположба и одличните природни одлики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пеонците, Медите и Траките, а во 80-те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост од 845-855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвис) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.
Градоначалници на Кочани
Досегашни градоначалници на Кочани биле: Томе Вангелов (1920–1924) Спиро Симеонов (1925–1928) Благој Џидров (1928–1930) Јован Двојаков (1932–1935) Трендо Христов (1944–1946) Благој Хаџи Василев (1946–1948) Величко Георгиев (1948–1950) Владо Стаменков (1950–1954) Боро Ефремов (1954–1963) Михајло Арсов – Војчо (1964–1966) Стојан Трендов (1966–1970) Киро Данилов (1970–1974) Иван Серафимов (1974–1981) Тодосија Паунов (1982–1983) Божидар Андоновски (1984–1985) Драги Георгиев (1986–1990) Љупчо Беличев (1990–1996) Лазар Веселинов (1996–2000) Љубомир Јанев (2000–2002, 2005–2009) Тодор Пашовски (2003–2004) Ратко Димитровски (2009–2017) Николчо Илијев (2017–2021) Љупчо Папазов (2021–2025) Венко Крстевски (2025), в.д.
Демографија Според Законот за територијална поделба од 2004 година кон општина Кочани е припоена и поранешната Општина Оризари, а според пописот од 2021 година во неа живеат 31.602 жители, од кои:
Народ ВкупноУдел (%) Македонци 35.472 93,12 Албанци 1 0,01 Турци 315 0,83 Роми 1.951 5,12 Власи 194 0,51 Срби 67 0,18 Бошњаци 2 0,01останати 90 0,23
Вероисповед Вкупно православни 30.793 муслимани 2.273 католици 21 протестанти 31 останати 571
Јазик Вкупномакедонски 35.579албански 2турски 1.487ромски 757влашки 148српски 58бошњачки 1 останати 60
Според проценките на Државниот завод за статистика, на крајот на 2015 година има намалување на бројот на населението и тоа изнесува 37.800 жители. Од овој број 18.943 се мажи, а 18.857 се жени.
Општествени установи ЦК “Бели мугри“ Основен суд Здравствен дом Општа болница
Самоуправа и политика
Административно седиште на Општината е градот Кочани. Градоначалник на општина Кочани е Влатко Грозданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 19 члена.
Културни и природни знаменитости Долно Градиште вештачко езеро Гратче Пониква Раткова скала Дабот кај с. Бели Споменик на слободата
Земјоделство
Традиционална стопанска гранка во општина Кочани е земјоделството за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Почвата е плодна од алувијално потекло. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат, поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км.
Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, високи приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 3500 хектари под ориз, со принос од над 5000 кг/ха. Застапени сорти на оризова култура се монтичели , Р-76/6 , Сан Андреа , Прима риска , и Монтеса . Квалитетот на оризот е потврден на Еурека-2000 во Брисел со признание Гран-при Најдоброто од Македонија, со заштитен знак бр. 1- оризот, белото кочанско злато.
Редовни настани Драмски аматерски фестивал (мај) Денови на кочанскиот ориз (септември)
Личности
Александар Алексиев, романописец, критичар, книжевен историчар и театролог Борис Стојчев, театролог и публицист Бранко Пендовски, писател Благоја Попов, политичар проф. д-р Благој Попов, математичар Кирил Ѕ'мбов, јадрен физичар д-р Константин Апостолов, лекар специјалист по микробиологија Кочани Оркестар, блех оркестар Малина Попиванова, револуционерка проф. д-р Миле Хаџи Василев, правник Насе Насев, спортски директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) Ристо Јуруков, музички педагог Сашко Насев, писател, драматург и поранешен амбасадор на Република Македонија во Канада Стефан Попиванов, револуционер Стево Теодосиевски, музички уметник Симеон Иванов - Канго, гитарист, рок-музичар Харалампие Манчев, лекар специјалист, прв македонски медицински истражувач
Култура и спорт
Културните збиднувања се остваруваат во бројни институции, за која цел се изградени разновидни објекти ( Дом на културата, кино и сл.). Во Кочани постојат неколку фолклорни друштва кои го негуваат фолклорот, а се негува и драмскиот аматеризам. Секоја година традиционално се одржува ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) во месец мај и Деновите на оризот, во месец септември.
За развој на спортот во градот има изградено спортска сала, фудбалски стадион, базен, терени за тенис, мини голф и слично. Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови: борење, кошарка, фудбал, гимнастика, карате, шах, и др. Кочани бил домаќин на државни и меѓународни културни и спортски случувања.
Иселеништво Иселеништвото во општината има неколкудецениска традиција, при што главно младата население, поради економски причини, емигрирала во Западноевропските земји - во почетокот во Германија, Франција и Австрија, а во последната деценија во Италија и делумно САД, Канада и Австралија.
Поврзано Инфо-Кочани
Надворешни врски Мрежно место страница на општината Општина Кочани во „АБВ - деловен именик“
Наводи