thumb|190px|Фридјтоф Нанесн
Норвешкиот истражувач и научник Фридјтоф Нансен (1861-1930) — најмногу познат по неговото патување по Северноледениот Океан од 1893-1895 година, со специјално изграден дрвен брод наречен Фрам. Нанесн намерно го пуштил бродот слободно да се движи низ ледот во Северноледениот Океан и со тоа го докажал постоењето на површинската струја, што денес се нарекува Трансполарна струја. Во 1895 година, Нансен придружен од еден пријател од Фрам, тргнал пеш и со скии кон Северниот Пол. Стигнале на оддалеченост од 640 км од Северниот Пол, најблизу од кого било дотогаш.
Во негова чест е наречено основното училиште „Фридтјоф Нансен“ во тетовското село Прељубиште.
Категорија:Норвешки научници Категорија:Добитници на Нобеловата награда за мир Категорија:Заповедници на Легијата на честа Категорија:Почесни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Норвешки нобеловци Категорија:Членови на Норвешката академија на науките Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Родени во 1861 година Категорија:Починати во 1930 година Категорија:Почесни членови на Кралското друштво на Единбург