ЈЗУ Општа болница - Кочани ― здравствена установа сместена во средишното подрачје на градот Кочани. Болницата ги нуди здравствените услуги на населението кое живее во општините: Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, како и за населението од општините кои гравитираат кон Oпштина Кочани, како: Виница, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и Делчево, регион во кој живеат околу 115,000-120,000 луѓе.
Историја Болницата е основана во 1924 година како противмаларична станица.Кочани и Кочанско од праисторијата до денес, монографија за Кочани, издавач: Општина Кочани, декември 2003, стр. 246, ISBN 9989-57-220-8 Во 1949 година биле изградени општата и стоматолошката амбуланта, а во 1952 година е регистрирана под името Здравствен дом Кочани. Во текот на 50-тите години на минатиот век отворени се уште неколку амбуланти и одделенија како што се интерното одделение, детското одделение, хирургија.
Поради зголемените медицински услуги, се јавило потреба за просторно проширување и Медицинскиот центар - Кочани да вложи. Во 1982 година бил направен проектот од страна на архитектот Тодор Георгиевски, и неговите соработници Снежана Арсова и Мимоза Капсарова. Проектот бил награден со плакетата на град Кочани, во 1984 година. Градежните активности биле во 1983-1884 година и биле вршени од РГО „Бетон“ - Скопје и ООЗТ „Х Градилиште“ - Кочани.
Досегашни директори Ова е список на лицата кои биле директори на Општата болница:
Димитар Димитров (1964-1967) Љубомир Хаџивасилев-Вардарски (1967-1970) Антонио Кладорабски (1970-1974) Кирил Апостолов (1974-1982) Мирко Анакиевски (1982-1986) Душан Данев (1986-1991) Владимир Коцев (1991-1995) Душан Данев (1995-1999) Блаже Георгиев (19.01.2000 - 13.04.2001) Михаил Иванов (2001-2002) Александар Серафимов (2002-2006) Миле Николовски (2008-2010) Марија Јорданова (2006-2011) Дејан Апостоловски (2011) Оливера Цимбалевиќ (17.10.2016 - 26.04.2017) Дарко Иванов (26.04.2017 - 04.08.2017) Борка Панова (04.08.2017) Александар Серафимов (2017-)
Особености Болницата има на располагање 7,796 м2 во делот за хоспитализација, односно соби за преглед и сместување на пациентите, како и 524 м2 за специјалистичко-советодавни услуги.
Кадар Вкупниот број на вработени во болницата е 226 од кои 43 лекари (4 примариуси, 29 лекари специјалисти, 5 доктори на специјализација и 5 лекари од општа пракса). Меѓу другите вработени има 5 луѓе високообразовна квалификација (економист, електроинженер и биохемичар).
Одделенија мини|220п|Детското и интерното одделение. Согласно средината на 2010-тите, во рамките на делот за хоспитализација болницата располага со 120 легла за пациенти, распоредени на следните одделенија: интерно одделение; САРИЛ, Гинекологија и акушерство со оддел за новородени деца; детско одделение; хируршко одделение; невро-психијатриско одделение; хемодијализа
Во болницата се нудат и специјалистичко-советодавни услуги во: очна амбуланта; амбуланта за кожни болести; стоматолошка амбуланта; амбуланта за инфективни болести; одделението за трансфузиологија и обезбедување на крв и крвни деривати; биохемиска лабораторија; одделот за радиолошка дијагностика; одделот за физикална терапија и рехабилитација.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Болници во Македонија Категорија:Здравство во Кочани