Бушаец или Парешки Костен — археолошко наоѓалиште во дебарското село Пареши. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 500 м западно од селото, на левата страна од асфалтниот пат за селото Бајрамовци, каде во засечениот профил се гледаат гробови градени од грубо обработени камени плочи - тип циста, со насоченост исток-запад. Некрополата е откриена во 1971 година, при изградбата на патот, при што е уништена во голем дел.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Парешко Поле — средновековна населба; Пареши; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Пареши