Палатишта — археолошко наоѓалиште во Кичево. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на мала височинка што доминира над околниот терен, оддалечена околу 700 м западно од ДК „Копачка“, од левата страна на патот Кичево-Охрид, каде по површината се гледаат грамади од градежен материјал, а околу нив и фрагменти од керамички садови. Оттука потекнуваат и мермерни плочи најдени во приватна нива на жител од селото Другово.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Китино Кале — утврдена населба од бронзеното и железното време и средниот век; Китка — депо на средновековни монети; Околината на Кичево — депо на средновековни монети; Чука — населба од бронзеното време; Џума Џамија — објект од средниот век; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Кичево