Меѓа — археолошко наоѓалиште во кичевското село Арангел. Претставува старохристијанска базилика. Се наоѓа на околу 600 м источно од наоѓалиштето Манастириште, на една мала височинка, каде се гледаат темели од поголем објект обраснат со вегетација. По површината има расфрлено фрагменти од тегули и градежен материјал. Според димензиите и насоченоста (исток-запад), би можело да се заклучи дека се работи за старохристијанска базилика.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Маркулија — градиште од доцноантичко време; Манастириште — населба од доцноантичко време Старо Село — средновековна црква и некропола; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Арангел (село)