мини|десно|250px|Година е време што е потребно Земјата да се сврти ололу Сонцето. Приказ на положба на Земјата и Сонцето за 4 годишни времиња. Година — време што и е потребно на Земјата да го заобиколи Сонцето.Year, Merriam-Webster Dictionary (анг.) Попрецизно, тоа е период помеѓу кои било две едноподруго доаѓања на Земјата во одредена положба наспроти Сонцето (врзување, противположба...). Во поширока смисла, ова може да се примени на која било планета; на пример, “марсовска година“ е годината на Марс.
Видови години сезонска година календарска година астрономска година ѕвездена година тропска година аномалистичка година еклиптичка година полн месечев циклус сончева година година на Сириус Гаусова година беселиска година платонска година (голема)
Должина на разни видови години 353, 354 или 355 денови — должини на регуларните години во некои месечево-сончеви календари 354,37 денови — 12 месечеви месеци; просечна должина на годината во месечевите календари 365 денови — обична година во многу сончеви календари; ~31,53 милиони секунди 365,24219 денови — просечна тропска година близу 2000. година 365,2424 денови — година на пролетната рамноденица 365,2425 денови — просечна должина на годината во грегоријанскиот календар 365,25 денови — просечна должина на годината во јулијанскиот календар; светлосната година се заснова на оваа година; изнесува 31.557.600 секунди 365,2564 денови — ѕвездена година или сидерална година 366 денови — престапна година во многу сончеви календари; 31,62 милиони секунди 383, 384 или 385 денови — должини на престапните години во некои месечево-сончеви календари 383,9 денови — 13 месечеви месеци; престапна година во некои месечево-сончеви календари
Просечната грегоријанска година изнесува 365,2425 денови = 52,1775 седмици, 8.765,82 часови = 525.949,2 минути = 31.556.952 секунди (просечна сончева, не СИ).
Просечната јулијанска година изнесува 365,25 денови.
Обичната година изнесува 365 денови = 12 месеци = 8.760 часови = 525.600 минути = 31.536.000 секунди.
Престапната година изнесува 366 дана = 12 месеци = 8.784 часови = 527.040 минути = 31.622.400 секунди.
400-годишниот циклус на грегоријанскиот календар има 146097 денови, па според тоа точно 20871 недела.
400-годишниот циклус на јулијанскиот календар има 146100 денови, односно 20871 недела и 3 дена.
Симбол Не постои универзално прифатен симбол за означување на годината како мерка за време. СИ системот не предлага никаков симбол. Меѓународниот стандард ISO 80000-3:2006ISO 80000-3:2006 — Величини и единици Женева: Меѓународна организација за стандардизација, 2006. Дел 3: Простор и време го предлага симболот, односно буквата “а“ што е земен од латинскиот збор annus (година). Меѓутоа, тоа може да создаде конфузија бидејќи истата ознака се користи и за “ар“ како мерка за површина на земја.
Во македонскиот јазик обично се употребува симболот “г.“ или кратенката “год.“, во англискиот кратенката "y" или "yr", а слично е и кај другите јазици, кои вообичаено ја користат почетната буква од називот.
Годината како мотив во уметноста и во популарната култура „Години“ — песна на македонската поетеса Јованка Денкова.Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 81. „Година 1932.“ — песна на полскиот поет Јарослав Ивашкјевич.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 58-59. „Весела година“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 89-90. „1941“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 65-66. „Низа ситно нанижана“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 5. „Златни години“ (англиски: Golden Years) — песна на британскиот поп-рок музичар Дејвид Боуви од 1976 година.Discogs, David Bowie – Station To Station (пристапено на 4.3.2022) „Оловни години“ (српски: Оловне године) — песна на српската и југословенска рок-група Екатарина Велика од 1985 година.Discogs, Ekatarina Velika – Ekatarina Velika (пристапено на 8.8.2020) „Години на расплетот“ (српски: Godine raspleta) — песна на српската рок-група Goblini од 1994 година.Discogs, Goblini – Istinite Priče I Deo (пристапено на 25.10.2022) „Година 1“ (англиски: Year 1) — песна на американската рок-група X од 1981 година.X (5) – Wild Gift (пристапено на7.6.2024) „'89“ — песна на хрватската рок-група Мајке (Majke) од 1993 година.YouTube, Majke - '89 (пристапено на 12.1.2021) „1969“ — песна на американската рок-група Стуџис (The Stooges) од 1969 година.Discogs, The Stooges – The Stooges (пристапено на 20.4.2021) „Овие значајни години“ (англиски: These Important Years) — песна на американската рок-група Hüsker Dü од 1987 година.Hüsker Dü – Warehouse: Songs And Stories (пристапено на 29.11.2022)
Поврзано Век Нова Година
Надворешни врски Точната должина на една година
Наводи
Категорија:Време Категорија:Единици за време