Сретсело — археолошко наоѓалиште во кичевското село Туин. Претставува црква и некропола од доцниот среден век. Се наоѓа во непосредната близина на селското училиште „Даме Груев“, од источната страна на Туинска Река, каде се забележуваат остатоци од темели на црква со базиликален облик, со димензии од 15 × 8 м. Западно и јужно од неа има гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Туин; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Туин