Лазар Поповски (роден во Скопје, Македонија) — поранешен македонски кајакар, којшто четири пати ја претставувал Македонија на Олимписките игри.Напис во Нова Македонија
Лазар Поповски се натпреваруваше на Олимписките игри во 2004 година во Атина, Грција. Во дисциплината кајак К-1 тој во квалификациите за полуфинале зафрши на шестото место и се проби во полуфиналето каде што го освои шеснаесеттото место не успевајќи притоа да заврши меѓу првите десет и да се квалификува во финалето.
Тој претходно се натпреварувал на Олимписките игри во 1992, 1996 и 2000.
Моментално работи како директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Наводи
Profile Sports-Reference.com profile
Категорија:Македонски кајакари Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски олимпијци