Општина Центар Жупа — општина во Западна Македонија. Центар на општината е селото Центар Жупа. Општината се наоѓа во дебарскиот регион и опфаќа 23 села, од кои некои се сосема раселени.
Географија
Општината се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 107,21 км2. На север, исток и запад општината граничи со општината Дебар, а на југ со Струга. Во општината се наоѓа планината Стогово и Дебарското Езеро.
Стопанство Главен стопански објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Населението претежно се занимава со трговија, сточарство, земјоделство и шумарство. Сепак, добар дел од населението е иселено во странство и приходите кои се испраќаат од иселениците се значајни за економијата на населението.
Население
Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 6.519 жители со густина на население од 60,81 жител на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:Попис на населението во Македонија, 2002
Народност Број Постоток Македонци*81412,49 % Турци*5.226 80,17% Албанци*454 6,96% останати25 0,38%
Вероисповед Вкупно православни 20 муслимани 6.215 католици 4 протестанти 0 останати 60
* Во општината има значаен број Македонци муслимани кои се изјасниле како Турци, а мал дел и како Албанци, поради различни политичко-религиски причини.
Јазик Вкупномакедонски 953албански 439турски 4.880ромски 0влашки 1српски 0бошњачки 0 останати 25
Иселеништво Добар дел од населението е иселено во странски држави. Најголем број од иселените се во Италија, но и во другите европски држави.
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Центар Жупа е Аријан Ибраим од редовите на ДПТ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за втор мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.
Во склоп на општина Центар Жупа се следниве села: Бајрамовци, Баланци, Брештани, Броштица, Власиќи, Голем Папрадник, Горно Мелничани, Горенци, Долгаш, Долно Мелничани, Евла, Елевци, Житинени, Кочишта, Коџаџик, Мал Папрадник, Новак, Осолница, Оџовци, Пареши, Праленик, Центар Жупа и Црно Боци.
Културни и природни знаменитости
-Музеј, Меморијален центар на таткото на Мустафа Кемал Ататурк(Али Риза Ефенди) во село Коџаџик -Летниковци и одморалишта покрај Дебарското езеро во пресек на селата Мал и Голем Папрадик
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Црков - средновековна црква и некропола; Варварица - средновековна црква; Влаи - средновековна населба и некропола; Машатлак - средновековна некропола; Долно Поличе - населба од доцноантичко време; Поличе - средновековна црква и некропола; Стара Куќа - средновековна населба; Црквиште - средновековна црква и некропола; Вапавска Краста - доцноантилка населба; Вапчица - средновековна некропола; Св. Петка - средновековна црква; Црквичка - средновековна црква и некропола;
Општествени установи Цркви Црква „Св. Димитриј“ - единствена преостаната црква од трите историски во селото. Потекнува од 1868 година. Црква „Свети врачи Кузман и Дамјан" - селска црква од 19 век; Црква „Св. Варвара“ - Горенци - селска црква од 19 век Црква „Воведение на Пресвета Богородица" (Св. Пречиста) - селска црква од 19 век; Манастир - средновековна населба, црква и некропола; Црков - средновековна некропола; Чифлик - доцноантичка и средновековна населба;
Личности Андон Maнчевски (1929-2004) — македонски невропсихијатар, доајен на македонската пcихијатрија. Основоположник на екстрахоспиталната дејост во Македонија. Вељо Манчевски (1905-1962) — партизан и деец на НОВМ Али Риза Ефенди — татко на големиот реформатор Мустафа Кемал Ататурк.
Наводи
Поврзано Жупа Југозападен Регион Општини во Македонија Дебар
Надворешни врски Општина Центар Жупа Општина Центар Жупа во „АБВ - деловен именик“ Општина Центар Жупа на „Златна Книга“ Општина Центар Жупа на mojsovetnik.org.mk
Центар Жупа Категорија:Југозападен Регион