мини|десно|300п|Пумпа — типична елиптична џуџеста галаксија мини|десно|NGC 147 — типична топчеста џуџеста галаксија мини|десно|Стрелец — типична неправилна џуџеста галаксија Џуџеста галаксија — мала галаксија составена од неколку милијарди ѕвезди, што е мал број во споредба со Млечниот Пат (нашата галаксија), која има 200-400 милијарди ѕвезди. Големиот Магеланов Облак, кој има над 30 милијарди ѕвезди, понекогаш се смета за џуџеста галаксија, но други пак, го сметаат за редовно голема галаксија што кружи околу Млечниот Пат.
Настанок на џуџестите галаксии Според современата теорија, највеќето галаксии (а со тоа и џуџестите) настануваат во заемодејство со темна материја или од гасови што содржат метали. Меѓутоа вселенската сонда за испитување развојот на галаксиите GALEX на НАСА пронашла нови џуџести галаксии настанати од гасови без метали. Овие галаксии се наоѓаат во Прстенот во Лав — облак од водород и хелиум околу две масивни галаксии во соѕвездието Лав.„Нова рецепта за џуџести галаксии: Почнете со остаточен гас“ - Science Daily, 19 февруари 2009
Месни џуџиња Во Месната Група постојат многу џуџести галаксии: честопати овие мали галаксии кружат околу поголемите галаксии како Млечниот Пат (Кумова Слама), Андромеда (Гумно) и Триаголник. Согласно наодите во еден труд од 2007Џуџести сфероидни придружници: дали се од приливно потекло? - М. Мец (2007) , многу џуџести галаксии настанале од приливни сили во раните еволутивни фази на Млечниот Пат и Андромеда. Приливните џуџести галаксии настануваат при судир на галаксии и заемодејство на нивните гравитациски маси. При судирот, од матичните галаксии и ореолите од темна материја се извлекуваат потоци од галактички материјал.„Нова рецепта за џуџести галаксии: Почнете со остаточен гас“ - Newswise, проверено на 20 февруари 2009
Околу Млечниот Пат орбитираат 14 познати џуџести галаксии, а со недамнешните набљудувања астрономите сметаат дека Омега Кентаур(и) (најголемото збиено јато во Млечниот Пат) е всушност јадро на џуџеста галаксија со црна дупка во средиштето, која некогаш била заземена од Млечниот Пат и станала дел од него.
Џуџести галаксии Џуџестите галаксии имаат најразлични морфологии: Елиптична галаксија: џуџеста елиптична галаксија (dE) и поттипот џуџеста сфероидна галаксија (dSph) Неправилна галаксија: џуџеста неправилна галаксија (dI) Спирална галаксија: џуџеста спирална галаксија
Хобитски галаксии Галаксиите што се помали и потемни од џуџестите галаксии од неодамна се нарекуваат хобитски галаксииОколу Млечниот Пат се отриени нови „хобитски“ галакси - SPACE.com
Ултракомпактни џуџиња Ултракомпактните џуџести галаксии (UCD) се неодамна откриена класа на мошне збиени галаксии со огромен број на ѕвезди. Се смета дека имаат пречник од околу 200 светлосни години и дека содржат сто милиони ѕвезди.Астрономите открија дузини минигалаксии - Англо-автралиска опсерваторија, 2 април 2004 Се претпоставува дека тие се јадра на соголени џуџести елиптични галаксии, што го изгубиле гасот и надворешните ѕвезди со приливни заемодејства, патувајќи низ средиштата на богати јата. Галаксии и спојување: Што е потребно за да се уништи една придружна галакасија?, 21 јули 2003 Ултракомпактните џуџиња може да се најдат во галактичкото јато во Девица, галактичкото јато во Печка, Ејбел 1689, галактичкото јато во Береникина Коса и разни други јата. Ултракомпактни џуџести галаксии во Ејбел 1689: фотометриско испитување со ACS, 28 јуни 2004
Некои џуџести галаксии Џуџеста галаксија во Водолија Џуџеста галаксија во Големо Куче I Цвики 18 IC 10 Голем Магеланов Облак NGC 1569 NGC 1705 Неправилна џуџеста галаксија во Пегаз Џуџеста галаксија во Феникс Елиптична џуџеста галаксија во Стрелец Неправилна џуџеста галаксија во Стрелец Џуџеста галаксија во Вајар Неправилна џуџеста галаксија во Вајар Декстанс A Џуџеста галаксија во Секстанс Мал Магеланов Облак Џуџеста галаксија во Тукан Џуџеста галаксија во Мала Мечка Вилман 1 Џуџеста галаксија во Кобилица Џуџеста галаксија во Змеј Џуџеста галаксија во Печка Лав II
Поврзано Морфолошка класификација на галаксиите Список на најблиските галаксии
Надворешни врски
Придружни галаксии на Млечниот Пат - Упсалски универзитет Хобитски галаксии - Science
Наводи
Категорија:Морфолошки типови на галаксии